Новите обврски на хотелите и рестораните кои произлегуваат од Законот

by ugostitelstvo.mk
мени

Здружението на угостителство и туризaм при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство,  се одржа работилница на тема – “Обврски на угостителите за новите измени на Законот за безбедност на храна”.На работилницата, како што информираат од Комората, присутните беа информирани за новите измени на Законот за безбедност на храна, со кои е воведена обврската во менијата да се евидентираат производите кои содржат алергогени супстанци, како и за другите обврски кои произлегуваат од Законот.

Во рамки на работилницата, примариус доктор Ленче Јовановска од Агенцијата за храна и ветеринарство, ги информираше присутните за обврските кои произлегуваат од Законот за безбедност на храната, соодветно на тоа и согласно Правилникот за начинот на означување на храната, а сето тоа усогласено со европската правна рамка и европските директиви за означување, презентирање и рекламирање, дополна во однос на состојките и означување на нутритивните вредности.

waitress-serving-patronsПретставниците на угостителските и хотелските објекти, на работилницата се интересираа за обврските кои ќе треба да ги исполнуваат согласно новите законски прописи.Тие алармираа дека овие новини ќе го обременат нивното работење, што ќе значи поголеми обврски за келнерите и куварите, дополнителна едукација, како и измена на менијата, но и поголема одговорност при послужувањето на храната. Како нерешени, според нив, остануваат и многу прашања во случај кога храната се набавува во форма на кетеринг, односно кога друг во име на организаторот ја подготвува храната.

Ленче Јовановска посочи дека токму преку ваквите работилници целта е да се детектираат проблемите и да се информираат инволвираните страни со новините кои се во насока на следење на европските норми и директиви, а како краен ефект исклучително внимателно да се користат производите со алергогени примеси.

За подетални информации обратете се нa телефонот 02/3119615

Слични написи