Несекојдневни состојки во пивото

by ugostitelstvo.mk
разни пива

Пиварниците често отстапуваат од традиционалните состојки за пиво, вода, јачмен, квасец… Сепак, има некои отстапки кои се екстремни.

Sprecher Mbege Ale е пиво приготвувано на оган. Африканско пиво по стил бидејќи основна состојка е банана. На овошните пива заедничко им е тоа што често, основна состојка им е бананата. Ова пиво е популарно во источна Африка. Sprecher Mbege Ale е нефилтрирано пиво. Изненадувачки е фатот што процентот на алкохол е 7,22%.

банана пивоВо март 1996 година Германија го промени својот закон за дрога за да се овозможи огледување на ‘ЕУ-коноп’, додека комерцијалната цел не доведе до неправилна употреба на наркотици. Во март, истата година 1500 хектари коноп беа посеани во Гераманија, и една компанија, Dupertit, која работи со производство на производи врз природна база, бараше дозвола за реномирана пиварница да започне со органска подготовка на пиво со висок квалитет. Cannabia делумно се приготвува на температура како за секое пиво, но потоа се додава тајната состојка, органски коноп.

Browerij Smisje Wostyntje Mustard Ale е белгиско пиво што се приготвува на висока температуа со помош на 90% јачменов слад, 10% Munich слад, два видови нa хмел, темни бонбони и семе од синап. Пивото има 7% алкохол и се подготвува во Mater-Oundenaarde. При дегустацијата, коментарите се разликуваат, иако повеќето луѓе се согласуваат дека пивото има вкус на сенф.

Стјуарт Хоу, шеф во пиварата Шарп, е познат по креативни и необични пива. Тој признал дека вкусот на кари-то мy е омилен по тој повод решил да создаде пиво со зачинот. Хоу користи чили во прав, ѓумбир, коријандер, ким, кардамон и анасон во неговото кари пиво, за кои може да кажеме дека најдобро се служи со папдомс (индиска солена закуска). Мама миа- пица пиво е создадено со користење на Маргарита пица која вкусот го дава исто како чајната кесичка. На пицата има пченична мама миакора, сос од домати, оригано, босилок и лук. Суштината на пица пивото всушност е во зачините од пицата, кои, заедно со пицата се ставаат во топла вода, и се филтрираат. Пиварата потоа додава хмељ и други зачини- и по ферментацијата која трае една до две недели, пивото е подготвено за продажба.

Потер пивницата во Ирска започна со работа во 1996 година, а потоа отвори друга пивница во Ковент Гарден, 1999год. Пиварата создава специјализирани пива, така и започнало создавањето на пиво од остриги. Пивницата соопштила дека пивото многу брзо станало најдобро продаван производ. Свежите остриги се ставаат во резервоарот за време на процесот на климатизација, додавајќи екстра сладост. Пивото е опишано како извонредно избалансиран пијалок. Но се разбира, не е погоден за вегетаријанци.

Златно пиво со кора од темјан и состојки од миро- со алкохол од 9,5 %. Миро има корени уште во античкото проиводство на пиво, и може да се спореде и со квалитетот на виното кое е создрано со таа состојка. Ова пиво со библиска етикета, редовно се произведува пред Божик.

пивара Мајстор за пиво во Орегон создаде пиво со помош на квасец создаден од неговата голема брада. Џон Маер во Њупорт наводно бил во потрага по нов вид на квасец, кога лабораторискиот техничар му ја избричил брадата на Маер на шега, и ја употребил во состојките, а подоцна со истиот квацес, правеле пиво. Сепак, нема некои достигнувања ова брадесто пиво. Кафето е почеста состојка при правењето пиво, посебно кај темните. Но Mikkeller пиварата во Данска, заминала многу чекори понапред. Тие почнале да создаваат темно пиво, од гравчиња, добиени од измет на мачки. Ова пиво е едно од најекстравагантните пива, а има 10, 9% алкохол во него.

На првото место, сепак е Wynkoop пивото, кое било создадено со користење на тестиси од бик. Сепак, иако пивото не било многу пиено, барем компанијата добила на препознатливост.

Слични написи