Најскапите барови во светот

by ugostitelstvo.mk
дубаи

Покрај тоа што се запознавме со најскапите светски пијалови, време е да се запознаеме каде ти се послужуваат и што ги прават овие коктели толку скапи. Па да започнеме со: 

Rose Bar, Miami Beach

Rose Bar наоѓа во еден од најпознатите исконски хотели на South Beach. Барот е осветлен со венецијански лустер кој заедно со розево тапацираните ѕидови се олицетворение на Арт Деко стилот од 1950 година кој е карактеристичен за соседството.

росе барCulinary Dropout, Las Vegas

Градот кој ветува незаборавна  забава и можеби многу потрошени пари, овој бар има релаксирана  атмосфера, жива музика и коктели како што се Signature After School Special направени со чај од малина и додаток текила.

las vegas culinart artDriftwood Room, Portland, Oregon

Овој бар оддава почит на Hollywood’s Golden Age со оригинален арт деко ентериер и пијалоци именувани по класични филмови и кино легенди. Исто така е омилено место на коктел мајсторите и љубителите на коктели, благодарение на Michael Robertson за експертски направените пијалоци како што се Roman Holiday, а за да го уживате овој коктел набавете ги само овие состојки ( кампари, шампањ, сок од грејпфрут и сируп од хибискус) и уживајте.

redwoodRedwood Room, San Francisco

Легендарната Redwood Room комбинирана со оригинални облоги добиени од црвено дрво и  модерен дабов мебел дизајниран од Philippe Starck и ротирачки дисплеј од дигиталната уметност како и инвентивни коктели инспирирани од Мерилин Монро.

redroomLobby Lounge, Houston

Овој луксузен бар кој се наоѓа на приземјето од Four Seasons хотел во Хјустон има дефенитивно Тексашски стил. Импресивната кафеава колекција е проследена со повеќе од 50 видови на виски, скоч и бурбон, а на менито ќе најдете и печени свински ребра. Во средина на неделата настапуваат локални музички ѕвезди како што се Ira Perez.

Lobby Lounge, HoustonJade Bar, Scottsdale

Со фантастичен поглед на планината Camelback со мирен и ограден двор ќе почувствувате свет далеку од оној на кој сте се навикнале. На коктелите често се комбинираат со свежо овошје, билки дури со зеленчук. Заштитеиот пијалок на овој бар е The Sugar Snap Southside подготвен со вотка, диво нане, белка од јајце и лимон.

camelback

Слични написи