Најдоброто од Reggio Emilia – Italy

by ugostitelstvo.mk
балсамико

Историјата и фактите за оцетот се мистерија за многу луѓе. Многу американски потрошувачи мислат дека оцетот е релативно нов производ, кој е влезен на пазарот пред околу дваесетина години. За волја на вистината, оцетот е направен во Европа, односно Италија, пред многу векови. Доколку сакате да патувате во Италија и сте љубители на оцетот посетете ја областа Reggio Emilia во Италија, а тука ќе го научите фантастичниот процес на производство на традиционалниот оцет и така продолжил кон следење на целокупниот процес.

Како стандардниот оцет се разлкува од Традиционалниот ? Во САД оцетот кој масовно се произведува и продава во супермаркетите практично нема рок на траење. Несмее да има ниту една капка во шишето кое ќе дозволи стареење на оцетот, дозволувајќи на етикетата да се пише рок од 10 или 20 год. Сепак, цената на оцетот е помала од целокупното пакување и дистрибуција. Оцетот кој има 50 или 100 години рок, треба внимателно да се испита. Во многу случаи, зборовите на етикетата се апсолутно погрешни.

балсамико

Во Италија, оцетот чиј барел е старосно дефиниран, и одобрен од страна на консорциум може да се нарече Традиционален. Постојат 40 прозводители на овој исклучителен оцет, а заедно тие годишно прозиведуваат 23 000 шишиња за целиот свет. Најголемиот прозиводител, Аcetaia Dodi, прозведува 9000 од 23000 шишиња. Традиционалниот оцет има три декларации, кои укажуваат на квалитетот на оцетот, и тоа црвена, сребрена и златна, која е најпрестижна. Секој барел може да се вкуси од страна на конзорциумот, пред да се флашира. Откако ќе бидат одобрени, и сертифицирани со етикета, се флашираат. Сите традиционални шишиња за оцетот мора да бидат исти, од сите прозивеодители. Секоја ознака означува на бројот на години – како рок на траење, иако на шишињата не е означен.

Всушност, кога Балсамик оцетот се прозиведува на традиционален начин, секое шише содржи траги од оцет, постари од 100 години. Acetaia Dodi, најголемиот прозиводител, користи мала количина на оцет од нивната оригинална залиха од 1891 година. Традиционалниот оцет се чува во буриња направени од различни видови на дрво, вкулучувајќи даб, костен, цреша а некои буриња датираат дури од 1800 год. Сите традиционални оцети, мора да отстојуваат во комбинација од барем три видови на дрво, поради предавањето на различниот вкус на профилот на оцетот, и во некои случаи, оцетот доаѓа во контакт со 25 различни дрвени буриња. Секој барел мора да биде различно нумериран, да има свој тип, и историја.

aido Бурињата се изненадувачки мали. Процесот на стареење започнува во поголеми буриња, а потоа само се намалува големината, бидејќи се пренесува од барел на барел, додека не се формира правиот вкус, во траење од најмалку 12 години. Вискиот квалитет се однесува на природната густина на оцетот. Балсамик оцетот треба да се употребува умерено. Само неколку капки се доволни да додадете за незаборавен вкус во речиси секој сад. Во шише од 100 мл има 500 капки. Се користи во многу пригоди, во комбинација со сирење, паштети, ориз салати, живина, риби итн.

Слични написи