Најдобрите 5 ресторани во Монако

by ugostitelstvo.mk
монако

И покрај тоа што е втора најмала земја во светот, Монако секако компензира со својата возвишеност, екстраваганција и луксуз. Нејзината географска големина е мала, но гастрономскиот дофат е огромен. Не е изненадувајќи тогаш, дека нема недостиг на фино јадење во оваа гламурозна земја. Да ги разгледаме најдобрите 5 ресторани на француската ривиера и Монако.

Le Louis XV, Монако. Овластен во 1987 година од стрaна на принцот Рение III, легендарниот готвач Ален Дукас бил задолжен за навидум неостварила мисија, но, го создаде првиот светски три Мишелински хотелски ресторан во Монако. Крајниот рок беше четири години, за постигнување на оваа цел. 28 години подоцна, Le Louis XV, ја одржува својата почитувана репутација благодарение на Ален Дукас, за кого се вели дека маслиново масло му тече низ вените. Од неговото мени, Ви препорачуваме да изберете ‘Фарма’, ’Море’ и ’Зеленчукова градина’. Храна која носи толку едноставни имиња, а од друга страна е прекрасно сложена.

Le-Louis-XV

Joel Robuchon, Монте Карло. Joel Robuchon ресторанот доаѓа натоварен од одредена тежина на очекувања, а и со право е така. Joel Robuchon е најдекорираното место, со 26 Мишелин ѕвезди. Тука се нуди типично француско јадење, каде вкусовите се интензивни, се посветува големо внимание на деталите и секоја состојка внимателно се одбира. Страста за гастрономска совршеност се шири низ ресторанот како план кој овозможува ексклузивен увид на секоја беспорекорно завршена чинија од готвачот Christophe Cussac.

JRR_Privilege

Brasserie Restaurant, Монако. Секоја година огромен број на луѓе доаѓаат во Монако за да бидат сведоци на познатиот Гранд При. Далеку од тркачката патека, сепак, ресторанот во Колумус Хотелот е центар на случувањата. По неодамнешниот тренд во Монако, ресторанот се наоѓа во огромен пораст, поради користење на локални производи избрани од пазарите низ Монако. Менито нуди одличен избор на морска храна, зеленчук и парчиња месо, инспирирани од сезонските состојки на околните села.

Brasserie Restourant

Le grill во хотелот Париз, еден од најпознатите во Монако. Во самиот ресторан владее хармонија, а навечер секаде има свеќи, кои шират опојни мириси. Менито има Мишелин ѕвезда како ремек-дело, каде се послужуваат традиционални јадења, па се до современи светски специјалитети.

Restaurant-Le-Grill

Buddha Bar во Монте Карло. Место каде имате одлична можност да ги тестирате ориенталната храна во луксузен амбиент. Со своето отворање во 2010 год, Барот служи фина комбинација на Источни деликатеси од јапонски суши, до свежи кинески кнедли и миризливо тајландско кари. Готвачите користат плоча како празно платно, кое е структуирано за готвење, и како алат се користат букови дрвца и на крај храната слободно се попрскува со различни сосови.

buddhabar

Слични написи