Мирисот и вкусот на македонската кујна во Загреб

by ugostitelstvo.mk
македонска кујна

Денови на македонската кујна и гастрономија ќе бидат одржани во Загреб почнувајки од утре 15ти Април а ќе трае до 17ти Април 2015 година.

Врвните јадења од Македонската кујна ќе бидат припремени во хотел-ресторан Аристос, за припремата на македонските јадења ќе биде задолжен тим од врни македонски готвачи од повеќе македонски ресторани.

Менито на овој тродневен настан ќе го сочинуваат.

Охридска софра

Пинџур , макало од лук, сушени пиперки, поховани тиквички, домати и сирење, банички со сирење како и пастрмајлија.

Салати

Македонска салата, шопска салата, таратур, печени пиперки.

Главно јадење

Охридски чомлек, селско месо, турли тава, шарска плескавица, мусака од патлиџан и тиквички, гравче тавче, летни ќебапи како и едно од најомилените охридски јадења, Пастрма на охридски начин.

Десерти

Манастирска торта, охридска торта, алва, гурабии, баклава, раванлија.

Сепак секое мени си има своја цена, доколку сте во Загреб и сакате да уживате во јадењата од македонската кујна, потребни ќе ви бидат 105 куни по особа.

Слични написи