кафе уметност

Во склоп на саемот на вино кој ќе се одржи на 22 и 23ти Мај 2015 година  во Сплит, ќе се одржи и првиот Split Latte Art Challenge.

Натпреварувачите во борбата еден-на-еден ќе треба да ги покажат своите техники во цртање на кафе, како и техничките правилности во подготовката на повеќе видови топли напитоци.

Секој од натпреварувачите во даден временски рок потребно е да направи две cappuccino кафиња со два различни однапред зададени мотиви. Судиите ќе ги оценуваат визуелниот изглед на самите цртежи и техничката подготовка на кафето.

Во петок, 22ри Мај ќе биде одржана Latte работилница на која сите заинтересирани можат да научат многу повеќе за цртањето на кафе, како и да ја пробаат опремата која ќе биде користена на самата манифестација.

Оваа манифестација ќе биде пропратена и со промоција нa Latte културата со цел подобрување на подготовката на сите пијалоци базирани на кафе.

Слични написи