Колбаси во вино

by ugostitelstvo.mk

Состојки:

  • 8 колбаси
  • 2 главици кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 шолја бело вино
  • црн бибер

Подготовка:

На тефлонско тавче исрпжете ги колбасите. Кога ќе бидат готови извадете ги, а во маснотијата во која се пржеа ставете ги исечканиот лук, кромид и две лажици вино. Динстајте повремено мешајќи 20 минути, а по потреба додавајте вино сѐ додека кромидот не стане мек. Вратете ги колбасите во тавчето и зачинете со црн бибер. Додајте го преостанатото вино и пржете уште 10 минути.

Слични написи