Состојки:
- 20 г. интегрално брашно
- 80 г. шеќер
- 2 лажички прашок за пециво
- прстофат сол
- 100 г. путер
- 4 големи јаболка
- 500 мл. млеко
- 40 г. густин
- 2 кесички ванилин шеќер
- 40 г. шеќер
- 2 јајца
- 50 г. ливчиња од бадеми
- малку цимет
Подготовка:
- Измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за пециво, солта, јајцата, парчињата путер и замесете тесто.
- Сипете во подмачкана округла тепсија и со прсти извлечете го тестото кон рабовите, околу 3 сантиметри во висина.
- Излупете ги јаболката, исечете ги на четвртини, извадете ги семките, распоредете ги врз тестото и посипете со цимет.
- Пет, шест лажици млеко измешајте со густин, шеќер и ванила, а остатокот сварете го, сипете во изматен густин и уште кратко гответе.
- Тргнете го садот од рингла, посипете шеќер во прав, шеќер. изладете ја смесата, потоа додадете ги прво желчките, а потоа измешајте снег од белки.
- Сипете врз јаболката, посипете со ливчињата од бадеми и печете во рерна загреана на 180 степени, околу 40 минути.