ЌОФТИЊА СО ВИРШЛА

by ugostitelstvo.mk

Состојки:

  • 3 јајца,
  • 400гр. виршли,
  • 300гр. брашно, 1дл. млеко,
  • 1дл. вода,
  • 1дл. масло,
  • сол,
  • 5дл. масло за пржење.

Подготовка:

Виршлите кратко пропржете ги во масло, исцедете ги и исечете ги на парчиња од 2-3 цм. Издвојте ги белките од жолчките. Изматете цврста смеса од белки.
Со жица за матење, изматете ги жолчките. Додајте им сол, млеко, вода и масло. Додајте и брашно, па во тестото погусто отколку она за палачинки, внимателно со жица за матење измешајте ја и смесата од белки. На крајот во тестото додајте ги сечканите виршли. Во сад загрејте масло. Со лажица вадете од смесата и пржете ги во длабоко масло (по потреба и додавајте). Превртувајте ги ќофтињата сè додека не поруменат од сите страни, а потоа ставете ги на хартиена салвета за да се исцеди вишокот маснотија.

Слични написи