IV Пролетен меѓународен собир на хотелиери – Србија

by ugostitelstvo.mk

Редакцијата на списанието “Туристички Свет” и здружението “Амбасадори на добрата услуга”, Асоцијацијата за туризам и Стопанските комири на Србија ќе го организираат Четвртиот пролетен меѓународен хотелски собир во петок на 15ти Мај. Темата на која ќе се разговара на собирот ќе биде “Хотелиерите и невозможната мисија”.

Во рамките на акцијата за подобрување на квалитетот во угостителството и стручно усовршување на менаџерите во хотелите и хотелските сектори, организаторите на четвртиот редовен пролетен собир ќе ги “обединат” хотелиерите и добавувачите од ХоРеКа секторот во невозможната мисија со цел да ги “отворат картите”.

Хотелиерите треба да ги отркијат проблемите кои не можат да ги решат и кои за нив се “невозможна мисија”

Добавувачите треба да одговорат на предизвикот и да претстават нови и напредни производи, нови програми, услуги, како и нов начин за штедење, без да го намалат квалитетот на понудата, како решение на она што кај хотелиерите е “невозможна мисија”.

хотел

Ова е прилика за добавувачите да покажат дека се многу повеќе од трговци, дека навистина се грижат за своите клиенти и ги гледаат како пријатели со кои сакаат да споделат драгоцени информации за производите кои ги продаваат.

Организаторите ветуваат богата, интерактивна В2В дебата, во која ќе имаат можност во формален и неформален разговор да ги зацврстат веќе постоечките контакти и пријателства, но и да стекнат нови. На овој собир се најавуваат интересни гости, пријатни изненадувања, музички бендови, коктел и многу позитивна енергија.

Накратко кажано, Четвртиот пролетен собир е собир кој хотелските менаџери не смеат да го пропуштат.

Слични написи