Индонезија и нејзината кујна

by ugostitelstvo.mk
фјучр слика

Индонезиската кујна е една од најпознатите живописни и шарени кујни во светот, полна со интезивен вкус. Таа е разновидна, делумно поради фактот дека Индонезија е составена од 6000 населени острови, со повеќе од 300 етнички групи. Индонезиската кујна има 5350 традиционални рецепти, а 30 од нив се сметаат за најважни.

Оваа кујна често демонстрира комлексен вкус, стекнат од одредени состојки и зачини. Пет главни Индонезиски методи за готвење се: пржење, печење, вриење, испарување, мешано пржење. Некои од најпопуларните јадења низ Индонезија се Nasi goring, gado-gado, sate and sato– и се сметаат како национални јадења.

индонезиска кујна

Официјално национално јадење, сепак, е tumpeng (ориз, во форма на конус во сад, а од страните зелечук и месо) избран во 2014 год од страна на Министерството за туризам. Индонезиските традиционални јадења се состојат од Nasi– парен ориз како главен, опкуружен со Sayer- Mayur- зелечук и супа и Lauk-Pauk – месо или риба како додадок на јадењето. Во едно семејство, членовите се собираат околу масата полна со парен ориз и неколку други јадења. Јадењето се става во голема чинија и секој се послужува со својата лажица. Обично најстариот член на семејството или мажот прв се послужува. Во индонезиските обичаи, сосема е прифатливо да се измешаат различни вкусови во чинијата од која јадете.bali-13

Индонезиските оброци најчесто се јадат со комбинација од лажица од десната страна, и вилушка во левата, додека пак ножот отсуствува од трпезариската маса, бидејќи јадењата веќе се приготвени во големина на залак. (во некои делови од земјата се јаде само со раце, без прибор). Може слободно да се каже дека оризот е најчесто користен производ за јадење. Житото не е мајчин производ од Индонезија, меѓутоа со увоз, Индонезијците почнуваат на големо да го користат, и тоа во кинески нудли и холандскиот леб. Голем број на зеленчук со листови е редовно вклучен во индонезискта кујна како папаја, маниоски лисја, спанаќ и др. Овие јадења често се приготуваат со лук. Други јадења со зеленчук се labu air, labu saim, kelor, kacang panjang, terung. Sayur е комбинација со зелка, карфиол, компир, морков, макарони зачин со црн пипер, лук и телешка супа. Urap е зачинето рендано ‘месо’ од кокос, кое се меша со зеленчук, зачинети со сос од кикиритки. Сосот од кикиритки е важен дел од gado-gado, исто така. Овој сос во индонезиската кујна се користи многу често, во јадењата како satay gado-gado, karedok, ketoprak I pecel. Сосот од кикиритки (Bubmu kacang) има привлечен вкус и мирис, и тоа е едно од националните јадења во земјата.

индонезиска кујна

Во Индонезија, од страна на месо најчесто се јаде кокошка и патка, или гулаб и диви птици, исто така говедско месо, бивол и овца. Месото може да се готви со кокосово млеко, кое исто е национален производ. Постојат два видови на коксови млека, кои се разликуваат по количината на вода и млеко. Ренданиот кокос може да се користи и како зачин, но и со него може да се готви, а многу е вкусен во примената на десерти. Начинот на готвење во оваа кујна е доста интересен, на пример ayam goring,  ayam (пилешко), goring (пржење), при што самото име означува какво јадење е тоа, и на кој начин спремано. Mue gorenr се пржени тестенини, Ikan Bakar е риба на скара а Udang Rebus се варени ракчиња. Откако се запознавме со терминологијата во Индонезиската кујна, подвиткајте ги ракавите и изненадете некого.

Слични написи