Првенство во печење месо- Хрватска

by ugostitelstvo.mk

По се изгледа дека месец Април е посветен на случувањата во Хрватска. 

Пред нас е Четвртото Првенство во подготовка на скара кое ќе се одржи во Хрватска и  токму тука аматерите ќe ја имаат можноста да ги победат професионалците.

Полуфиналната вечер од настанот ќе се одржи во  8 градови ширум Хрватска почнувајќи од 24ти Април, а ќе трае до 21ви Јуни. Големото затварање на овој малку подолг настан закажан е за 28ми Јуни каде на едно место ќе се соберат сите загребачки полуфиналисти, а за да стигнат до тука потребно е да ги освојат гласовите на сите строги гастро судии.

Покрај симболичниот Златен ќебап, победничкиот тим го очекуваат и други вредни награди, но пред тоа мора да си ги израмнат и докажат своите способности во подготовката на месо и тоа во 5 категории: ќебапи, колбаси, врат, ражничи и јагнешко месо.

скара

Покрај натпреварите кои ќе се одржат и дегустацијата на скарата, посетителите секогаш можат да ги надополнат своите знаења а и да решат многу дилеми околу печењето  на месото, секако ова важи за сите оние кои не можат да одолеат на печеното месо.

За сите кои се заинтересирани да се пријават на овој незаборавен настан одобрено е да пријават екипа која ќе содржи најмалку 3 или 4 членови независно дали тоа се професионалци или аматери, судии или адвокати, на овој настан сите се добредојдени. Среќно печење!!

Слични написи