Гордон Ремзи со нов ресторан

by ugostitelstvo.mk
гордон ремзи

По се изгледа дека Гордон не застанува со својата упорност и проширување на ланецот ресторани ширум светот. Познатиот готвач од “Пеколната Кујна” својот нов ресторан ќе го отвори во Франција и тоа во најпознатиот регион за црвени вина Bordeaux. 

Гордон Ремзи без размислување се одлучил да го превземе ресторанот во хотелот Grand Hôtel de Bordeaux & Spa каде што се сервираат само сезонски јадења приготвени со локални состојки, а се препорачува најдоброто регионално црвено вино.

појадок

Овој ресторан е 26тиот светски ресторан кој го поседува Ремзи, а е вториот во Франција. Тој за ова отварање изјави “Јас сум воодушевен за отварањето на вториот ресторан во Франција и тоа во срцето на светската винска инсустрија кое што дополнително ја зголемува возбудата во мојот тим”.

Слични написи