Германска салата од компир

by ugostitelstvo.mk

Состојки:

  • 1 кг компир
  • 500 г. исецкана сланина
  • 1 најсецкана главица лук
  • 2 лажици сенф
  • 6 лажици јаболков оцет
  • 1/4 лажички бибер

Подготовка:

Измијте го компирот и исечете го на парчиња, заедно со кората. Варете го во врела посолена вода, 10 до 15 минути. Исцедете го и пуштете го да отстои на страна.
Загрејте големо тавче и пржете ја сланината додека не стане крцкава. Сланината повлечете ја од тавата, но оставете ја маста која што останала. На неа динстајте лук 2 до 3 минути. Додадете сенф, оцет и бибер. На крајот додадете ја сланината.

Пред да ја послужете добро промешајте ја салатата.

Слични написи