Француска супа од кромид

by ugostitelstvo.mk
супа

Во Франција ја нарекуваат само супа од кромид или пак (Soupe à l’oignon). Но за остатокот од светот, таа е Француска супа од кромид подготвена со крцкави брускети кои се прелиени со топено сирење, ова може да се каже дека е јадење на кое не може да се одолее. 

Најбитното правило околу подготовката на оваа француска супа е колку и да сакате, не можете да го забрзате процесот на подготовка, бидејки потребно е време парчињата кромид да се сварат и карамелизираат соодветно. француска супа

Доколку сакате тие да бидат меки и да го задржат природниот вкус и сите хранливи состојки, варете го кромидот околу 20 минути, а потоа истиот можете да го карамелизирате. Оваа подготовка може да ви одземе вкупно еден час, но следењето на оваа процедура верувајте дека ќе ви донесе многу сласт и уживање во јадењето.

Со оваа вкусна супа можете да се почестите со вино Розе и за момент ќе ја внесете француската кујна во вашиот дом.

Уживајте!

Слични написи