Фестивал Slatki Gušti, Загреб

by ugostitelstvo.mk
манифестација

Најубавиот загребски парк почнувајки од 8ми до 16ти Април ќе биде дом на најпознат слаткарски настан во Хрватска. 

На почетокот од овој сладок настан, планирано е музички бендови да ја забавуваат публиката, а исто така ќе се подготвува торта тешка 650 килограми. Покрај тоа што ќе присуствуваат најпознатите слаткари со нивните специјалитети на задоволство на посетителите тие ќе ја имаат можноста да ги дегустираат повеќето подготвени десерти од хрватски слаткари.Сепак не се само слаткарите кои ќе бидат присутни од 8ми до 16ти Април, за љубителите на врвните вина присутни ќе бидат винариите Дорнберг, Сора и Купилек како и произведувачите на чоколадна ракија Ал Капроне.

декорацијаВо среда, 8ми Април официјално ќе се отвори фестивалот. Токму поради оваа пригода ќе се скрши пињата која во себе крие многу изненадувања за посетителите, но тука возбудата не застанува, истиот ден ќе биде и првиот натпревар каде ќе се избира најубавата торта која е во склоп на хуманитарниот настан, а забавата до доцните часови ќе продолжи со многу музчки бендови. Како што напоменавме на самиот почеток дека овој настан ќе биде запаметен по тортата тешка 650 килограми, истата ќе може да се дегустира од страна на верните посетители во петок на 10 Април, а сите добротворни финансиски средства собрани на овој настан ќе бидат наменети за купување на угостителска опрема за средното Угостителско училиште во Загреб.

Како и секој светски настан така и овој во Загреб длабоко во себе има скриена цел и порака. Slatkih gušta ќе ги развесели посетителите, но се верува и дека ќе научат нешто ново од обучените и професионални слаткари кои подготвија едукативно катче за сите кои сакаат да го збогатат своето знаење во угостителството.

Слични написи