Фестивал на кафето во Опатија

by ugostitelstvo.mk

Опатија – Хрватска на 11ти и 12ти Април ќе биде место каде ќе се зборува само за кафето – неговата подготовка, потекло и се што е директно поврзано со омилениот пијалок на човекот!

Туристичката заедница на Опатија во последните неколку години пред почетокот на големата  туристичка сезона ќе  понуди малку поразлично искуство од она на кое веќе се научени, а тоа е кафе културата. Во сабота 11ти и недела 12ти Април угостителските објекти кои имаат директен поглед кон морето ќе им понудат на своите гости кафе подготвено од високо обучените баристи по многу поволна цена.

фестивал на кафе Како што е редот, кафето ќе биде послужено со колчиња, а секако и за најмалите посетители организаторите имаат подготвено детско едукативно катче и изложба на тема кафе. Овој настан не би бил комплетен без излегувачите со најквалитетното кафе кои ќе го објаснат комплетниот процес за кафето почнувајќи од садење па се до печењето.

Комплетната програма за овој настан можете да ја прегледате на овој линк.

Слични написи