Дремнете пред да се напиете кафе

by ugostitelstvo.mk
дремнете

Локална кафетерија воведува сосема нова и несекојдневна “шема” во своето работење, кое ќе им биде од голема корист на нивните секојдневни и лојални гости.  

Кафетеријата ‘Costa & Kip’ на своите гости им овозможуваат во периодот помеѓу 15 и 16 часот да си нарачаат будење од нивната 15 минутна дремка, а после тоа да се разбудат со едно совршено кафе приготвено од нивниот омилен бариста.

Специјалните увезени перници -една маса во кафетеријата ја претвараат во зона каде можете да одморите и да дремнете 15 минути, а како што напоменавме претходно ќе бидете нежно разбудени и со вашето омилено кафе.

Сопственикот за оваа идеја има изјавено “Доколку не сте во можност квалитетно да се наспиете навечер, а затоа влијаат многу фактори, секогаш постои можност да украдете дремка од 15минути во текот на денот која значително ќе ви ја зголеми енергијата”.

Слични написи