Домашен хот-дог

by ugostitelstvo.mk
Домашен ход дог

Состојки:

  • 1 килограм меко брашно
  • 40 г. свеж квасец
  • пола лажичка сол
  • 100 г. маргарин
  • јајце
  • 1 дл. јогурт
  • 4 дл. млака вода
  • лажица масло
  • жолчка за премачкување
  • 10 виршли

Подготовка:

1. Стопете го маргаринот на тивок оган. Во 4 дл. млака вода растопете го квасецот, додадете ги солта, изматеното јајце, јогуртот, лажица масло, маргарин и брашно, па замесете тесто. Оставете да нарасне и два пати премесете.

2. Растегнатото тесто исечете го на 10 правоаголници. На секој ставете по една виршла и затворете ја од сите страни. На хартија натопена со масло наредете ги хот-дозите, па секој од нив, премачкајте го со изматена жолчка.

3. Ставете ги да се печат во загрена рерна 35 минути додека не заруменат. Пред служење филувајте ги со сенф или со мајонез.

Слични написи