Dinner in the Sky – Загреб

by ugostitelstvo.mk

Dinner in the Sky® ја отвара својата врата за сите авантуристи и љубители на височина во Заграеб на само неколку дена, ќе ја имаат можноста да уживаат во специјалитетите на лебдечкиот ресторан.

Неодамна пишувавме за оваа несекојдневна идеа која беше за прв пат е претставена во европските земји, а сега истата дојде и во Загреб како што веќе напоменавме овој несекојдневен ресторан ќе биде во Загреб од 21ви до 31ви Мај, а сите љубители на fine dining ќе ја имаат можноста да уживаат во незаборавниот поглед и вкусната храна подготвена од врни готвачи.

ручек во облаците
Настанот ќе се одржува пред хотелот Westin каде што тим на обучени професионалци платформата на која се наоѓа ресторанот за 22 особи ќе биде подигнат на висина од 50 метри. Одговорните за вкусната храна ќе бидат најдобрите готвачи од Хрватска и странските земји, во текот на вечерта готвачот ќе биде задолжен да подготви вкусна храна и незаборавно ускуство. Оваа ексклузивна атмосфера со извонредна храна и можноста директно да се комуницира со готвачот и да се има панорамски поглед на главниот хрватски град за сите присутни гости ќе биде тема за која долго ќе се разговара.

Слични написи