Четврти Street Food Festival – Загреб

by ugostitelstvo.mk
скара и месо

На европскиот пазар на 25ти  и 26ти Април 2015 година ќе се одржи четвртотo издание на Street Food Festival во Загреб. 

Темата на овогодинешниот фестивал ќе биде скарата, односно специјалитетите од месни производи. Како и секоја година желбата на посетителите е се поголема да бидат дел од овој “уличен” фестивал, а организаторите сакаат да возвратат со незаборавно искуство и гастрономско доживување.

61063675-300x200Маринирани крилца, сочни плескавици и егзотично ќофте се само мал дел од гастрономските деликатеси кои ќе бидат на мениата во сабота и недела во срцето на Загреб каде ќе се одржи овој фестивал.

Љубителите на врвните вина и пива секако се очекува да си ги завземат своите позиции и да уживаат во големиот број на понудени вина и пива,  сепак ова е фестивал каде акцентот е ставен на печените месни производи.Работното време на фестивалот ќе биде од 12 часот па се до 19 часот, додека пак во сабота навечер ќе се одржи концерт во живо кој ќе го збогати ова гастро уживање, а истиот ќе трае до 22 часот.

Слични написи