Британците полудеа но не по пиво

by ugostitelstvo.mk
вотка од млеко

Џејсон Барбер, фармер од Дорсет, Англија, произведува вотка од кравјо млеко повеќе години. Моментално, неговата „Црна крава“ е пијалокот по кој лудува цела Британија…

Џејсон стигнал до идеата да создаде вотка од млеко откако гледал документарен филм за мала сибирска република каде луѓето произведуваат вотка од млекото од јакот. Ова го заинтригирало и се решил да произведе своја верзија на пијалокот. На неговата фарма во која има 250 крави, од чие млеко се произведува вотката. Му биле потребни три години за да го усоврши процесот. Според експертите, резултатот на неговата макотрпна работа е импресивен.

млеко од вотка

Џејсон има долга историја на производство на сопствени пијалоци. Тој бил исфрлен од училиште бидејќи направил пиво од ферментиран сок од портокал и го чувал во неискористените шкафови во училиштето. Покрај тоа, тој имал посебен интерес во вотката бидејќи тоа е единствениот пијалок кој не го опива. „Црната крава“ добива многу позитивни критики, а може да се најде на менијата на отмените англиски ресторани. Сумата на првата вотка од млеко во светот изнесува 42 долари за шише од 70 децилитри.

Слични написи