БАЈАДЕРА: Време на подготовка 20 минути

by ugostitelstvo.mk

Состојки:

  • 9 лажици вода
  • 20 дкг шеќер
  • 15 дкг мелени ореви, бадеми или лешници
  • 25 дкг Петит бисквити
  • 17 дкг путер
  • 10 дкг чоколадо
  • Малку рум
  • За прелив:
  • 10 дкг чоколадо за готвење
  • Малку масло

Подготовка:

bajaderaВо тенџере додадете вода и шеќер и загрејте ја содржината на послаб оган додека шеќерот се стопи.Додадете путер, тргнете го тенџерето од оган и мешајте се додека се стопи.Кога путерот сосема ќе се стопи, додадете ореви и мелени бисквити и мешајте додека не добиете густа смеса.Добиената смеса поделете ја на два дела.Чоколадото стопете го на пареа и додадете го во едната половина од смесата со оревите, а во другиот дел ставете рум.На тацна ставете мрсна хартија за печење и префрлете го првиот дел од смесата, оној со чоколадо и со раце оформете квадрат, а горниот дел и рабовите израмнете ги со нож.Врз него на ист начин ставете го другиот дел и обликувајте исто како претходно.Остатокот од чоколадото се топи на пареа, додадете во тоа малку масло и посипете ја бајадерата со готовиот прелив.Бајадерата се остава една ноќ да отстои во фрижидер за да се стегне, а следниот ден се сече на парчиња.

Слични написи