Зошто кафето во коктелите ?!

by ugostitelstvo.mk

Од првиот ден кога народот го има пробано кафето за прв пат во својот живот, тоа до ден денешен е еден од омилените пијалоци кој неуморно го мешаат со нивните омилени алкохолни пијалоци, резултатите се совршени. 

Во минатото секоја порачка во локалните кафетерии била кафе со крем или пак само најобично еспресо, но сега сите со сигурност знаете барем еден пијалок во кој се мешаат кафе и жесток пијалок. Сепак кафе културата и културата на пиење коктели се има изменето низ годините, а мешањето на пијалоците можеме да кажеме дека нема граници, земете топло црно кафе, жесток пијалок по избор, шалаг и неколку зрна кафе, задоволството во крајниот производ е незаборевен.

кафе

Најчесто поставуваното прашање е: Зошто кафето секогаш одлично се вклопува во коктели ?

Доколку ги погледнеме фактите, нема да видите класична кафетерија каде ќе ви понудат коктел со кафе, а доколку сте љубители на коктел ќе видите на менито барем еден коктел кој е инспириран од кафето. Сега тука повторно се навраќаме на муабетот кој потврдува дека мешањето на вашите два омилени пијалоци ќе резултира со микс без кој нема да можете.

Светските бартендери имаат изјавено “Кафето е комплексна состојка која може многу да му понуди на еден бармен, се вклопува совршено со ванила, чоколадо или пак шеќерна трска”.

слика 2

Неколку кратки совети за правење на коктел со кафе

Сакате да ја играте улогата на домашен бармен, мислам дека овие совети за вас се повеќе од добредојдени. Подготовката на кафе или градски кажано (варење кафе) важат истите правила и во подготовката на кафе коктелот. Кафето секогаш треба да е свежо мелено, а и откако ќе го измелете тоа не треба да стои предолго.

Размислувајте надвор од кутијата за кафе. Кога ќе се спомене кафе коктел тоа најчесто подразбира користење на класично црно кафе кое нема никаков дополнителен вкус, професионалците рекле, излезете од комфорната зона и експериментирајте со кафе кое има дополнителен вкус. Изненадете се себеси и вашите пријатели.

слика 3

Слични написи