ЗБОРОВИ И ФРАЗИ КОИ СЕКОЈ ПАТНИК ТРЕБА ДА ГИ ЗНАЕ

by ugostitelstvo.mk
покажување

Важно е да се направат обиди да се научи јазикот на земјите кои ги посетувате. Не само што тоа ќе Ви помогне во логистиката, исто тка, тоа ќе предизвика позитивни чувства кај локалното население. Тоа е знак на почит и белег на културен и разумен патник. Сепак, тоа не е причина да имате одлично познавање на некој странски јазик, кој се зборува во земја, која ќе ја посетите можеби неколку пати.

покажување на насокиУбаво е да знаете неколку зборови, но не е реално да започнете да посетувате курс кој би траел долг период, а исто така би ве чинел многу. На секој патник му е потребена скромна низа на зборови кои ќе ги користи при патувањето, и тоа веднаш. Важни зборови и фрази.‘Do you speak English’ или ‘Дали зборувате англиски јазик’ е можеби најчестата реченица која се користи низ земјите. Кога не сте сигурни за некој збор, започнете со англискиот. Запамтете ја оваа реченица, може ќе се спаси од трошење на време и дилеми. ‘Здраво’ и ’збогум’ се клучни, како и ’Ве молам’, ’благодарам’, ’извинете’ и ‘жал ми е’. Во многу јазици ‘жал ми е’ се користи за ситуации погруби од поттурнување на некој во улица. Во шпанскиот јазик на пример, наместо ‘жал ми е’, ќе го слушнете ‘пардон’. Научете исто така да кажете ‘Моето име е _____’ и ’Јас сум од Македонија’, во случај да се најдете во разговор со некој од љубопитните локални жители.

купување со картичкаЗборовите : ‘лево’ и ’десно’, како и ’како’, ’каде е’, и ’пред’ и ‘потоа’ се основни во прикажувањето на насоката. Можеби нема да го разберете комплетното објаснување, но барем ќе имате ориентација на која страна треба да се движите. Убаво би било да знаете што порачувате кога сте на патување, а за таа цел би ви помогнало барем малото познавање на локалниот јазик. ‘Би сакал’ или ’може да добијам’, а потоа покажете кон менито што сакате. Тоа ќе биде доволно за порачка. Исто така корисна би ви била и реченицата ’каде е тоалетот’?.Шопинг и трансакции. Дефинитивно треба да ги научите броевите од 1 до 10. Ако не ги знаете, ќе сватите колку ви се неопходни. ‘Колку чини’ е фразата која ќе ја изговарате почесто од што мислите. Во САД луѓето многу често се потпираат на употребата на картички, но не е така во сите земји. Потрудете се преку насоки да го најдите најблискиот банкомат, ако веќе немате друга опција. Сите клучни фрази запишете ги, за да ви бидат достапни при постојаното патување. Не заборавајте правилно да го напишете изговорот на зборовите, за да не бидете разбрани погрешно. Преку користење на овие совети, ќе имате многу олеснето патување, и многу поголема забава.

Слични написи