За елитен туризам Македонија нуди 17 хотели со 5 ѕвезди

by ugostitelstvo.mk
hotel

Во туристичката понуда на Македонија за годинава се вклучени 232 хотели кои се категоризирани според европски стандарди. Како што информираат од Министерството за економија според новите законски прописи досега меѓу оние луксузни сместувачки капацитети што ги потврдија своите ѕвездички се најдоа и четири хотели од највисока категорија наречена супериор.

Во овие хотели со 5 ѕвезди се вброија скопскиот хотел “Александар палас”, потоа на граничниот премин кај Гевгелија хотел “Принцес”, во селото Леуново, крај Мавровското Езеро хотел “Радика” и во Скопје новиот хотел “Буши” лоциран во Старата скопска чаршија.

Според анализите што ги подготвило ресорното министерството во високата категорија со 5 ѕвезди се вбројуваат уште 13 хотели лоцирани во повеќе македонски градови и тоа во: Скопје, Гевгелија, Стар Дојран, Берово, Велес, Струга и Охрид.
2Дел од луксузните хотелски објекти се најдоа и 46 објекти кои им нудат услуги на посетителите од класата со 4 ѕвезди и уште два од повисока супериор класа исто така класифицирана со 4 ѕвезди.Министерството и хотелските сметувања со три ѕвезди го групирало на оние што се со малку подобар квалитет, односно супериор и стандардни три ѕвезди. Така во Македонија има пет хотели супериор со 3 ѕвезди и 67 објекти кои ги задоволуваат кавлитетот на хотелски услуги со три ѕвезди.

Туристите кои не претпочитаат луксузни услуги на располагање им се капацитети од пониска категорија и тоа со две ѕвезди кои во Македонија ги има 54 хотели, а со една 41 хотел.Но категоризацијата нема да заврши само кај хотелското сместувања, дел од овој голем процес се и сите сместувачки капацитети, особено во туристичките места, при што треба точно ќе се знае колку капацитети и од каков квалитет се нудат во приватните сместувачки капацитети, хостелите и семејни хотели.Според туристичките работници токму оваа категоризација треба да овозможи намалување на сивата економија кај физичките лица кои вршат угостителска дејност и промоција на индивидуалните сместувачки капацитети во сите туристички места во државата.Министерството за економија, треба да располага со податоци на државно ниво за сите категоризирани објекти на физички лица кои нудат услуги за сместување, но и за нивен понатамошен развој, промоција и афирмација.

Како што информираат од економија согласно законските измени на Законот за угостителска дејност Министерството за локална самоуправа веќе побарало од општините да достават податоци за бројот на регистрираните и категоризираните угостителски објекти. Податоците биле побарани од 80 опшини, а на барањата одговориле само 36 од нив.Од доставените податоци може само да се согледа дека во општините каде што има предуслови за развој на туризмот, воопшто не се води регистар на угостителските објекти на физичките лица.
ХотелНовите законски измени предвидуваат физичкото лице задолжително да има доставено пријава до Државниот пазарен инспекторат за исполнети минимално – технички услови, доказ за сопственост, доколку се работи за физички лица кои вршат угостителски услуги за сместување во куќи, апартмани и соби, доказ за сопственост, или доказ за правото на користење, доколку се работи за селски домаќинства во кои се даваат услуги на издавање соби и апартмани. Истовремено треба да има и доказ за платена административна такса во износ од 50 денари.Надлежните информираат дека предвидено е значително да се зајакнат и контролите на овие објекти од страна на Државниот пазарен инспекторат. Министерството смета дека мора да има ред во овој сектор особено кога македонскиот туризме во подем, а доказ за тоа е што според анализите на Државниот завод за статистика бројот на туристите е зголемен за 25%.

Крајната цел е до 2020 година учеството на туризмот во бруто домашниот производ да достигне до 5%, а во моментов тоа е 1,3% во македонскиот БДП.

Превземено од media.mk

Слични написи