Вовед во Индиската кујна

by ugostitelstvo.mk

Индиските ресторани покрај тоа што се често посетувани од локалното население тие го имаат изградено и својот стил во целиот свет. Доколку сакате да уживате во традиционалната кујна на оваа држава, внимавајте тоа може да биде малку застрашувачки. Доколку мислите и сакате да научите малку повеќе за неа продолжете со читање на оваа содржина.

 Butter Chicken

Јадење кое е измислено во Делхи во далечната 1970 година Во ова јадење се вклучуваат маринирани парчиња пилешко месо, микс од зачини, а се сервираат во доматен сос кој во себе содржи лук како и многу зачини и секако пут ер како што кажува самото име на ова јадење.

1

Chana Masala

Chana masala значи “зачинет наут”,  а всушност е микс од многу зачини што е традиционално за индиската кујна. Јадењето го сочинуваат наут, гарам машала (вид на зачин), кромид, домати, лук, кинески магданос, ѓумбир и шлагот на јадењето – чили пиперчиња. Ова јадење со сите состојки и зачини го прави едно од најпопуларните вегетаријански јадења во светот.

2

Chicken Tikka Masala

Автентично и оригинално Индиско јадење никогаш не вклучува богат и тежок сос како овој што можете да го најдете во chicken tikka masala, едно од најпознатото индиско јадење, кога Британците владееле со Индијанците го донеле со себе вкусот и желбата за вклучување сосеви во јадењата. Tikka Masala всушност не е измислено во Индија, за првпат е видено во Обединетото Кралство и сеуште е едно од најбараните јадења- кое го прави Британско национално јадење. Подготовката започнува со парчиња пилешко месо кое се подготвува во грниња и се сервира со доматен сос кој е надополнет со микс од зачини кои варираат во зависност од рестораните. Јадењето е богато и речиси не возможно да не го сакате.

3

Mulligatawny

Уште една Британска иновација од кујната која е широко прифатена од индиското население и угостителите. Накратко кажано ова е супа која е густа, жолта и многу зачинета, а традиционално содржи леќа, кари, морско оревче и понекогаш може да содржи ореви или ориз.

4

Vindaloo

Не би било индиско јадење доколку во себе не содржи кари. Доста популарно јадење во британските “curry houses”, а често може да го најдете во многу индиски мениа. Во Соединетите Американски Држави зборот vindaloo е синоним за зачинето и често пати најзачинетото јадење во рестораните го обележуваат со зборот vindaloo.

5

Слични написи