Во Пелагонија ќе се развива авантуристички туризам

by ugostitelstvo.mk
пелагонија туризам

Советот на Пелагонискиот плански регион ја утврди програмата за работа во наредниот период во која меѓудругото е планиран и посебен проект за развој на авантуристички туризам.

пелагонијаДеветте пелагониски општини, Битола, Прилеп, Ресен, Крушево, Демир Хисар, Могила, Кривогаштани, Новаци и Долнени, ќе развиваат авантуристички туризам. За реализација на оваа идеја ќе аплицираат и побараат поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка во грантова шема за поддршка на трети страни. Целта е изработка на физибилити студија за развивање на пелагонискиот регион како дестинација за авантуристички туризам.

Станува збор за интегрирање на туристичка понуда на пелагониските општини преку развивање на повеќе места кои се атрактивни за сите заинтересирани туроператори. Авантуристичкиот туризам опфаќа активности кои вклучуваат интеграција со локалното населени, физички активности и посетување на културното наследство. Акцентот ќе биде на брендирањето на регионот како дестинација за авантуристички туризам, истакнуваат од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со седиште во Битола.

Слични написи