Вкусот на Јужна Африка

by ugostitelstvo.mk

Јужна Африка е најпознатата космополитска земја во Африка која има добро развиен туризам. Посетата на оваа земја никогаш нема да ви биде досадна,  вашата забава може да започне со одење на сафари, патување на кое ќе ја пробате традиционалната храна и вино во Cape Town. Доколку размислувате да ја посетите оваа земја задолжително пробајте ги следните јадења.

Chakalaka Recipe

1Јадње кое е многу едноставно и лесно да се направи, а сеуште е непознато од каде потекнува овој рецепт. За да го подготвите ви се неколку основни состојки, а тие се грав, моркови и секако еден од неизбежните зачини на секое Јужно Афричко јадење, кари.

Curry Masala Spice Mix

2Cuury Masala не е воопшто јадење тоа е микс од зачини кое ќе се вклопи одлично доколку сте љубители на зачинета храна. Дурбан кари може да се опише како, многу зачинета и лута мешавина која се карактеризира со црвена боја, а се применува во секое јадење.

Sambal

3Sambal во Јужно Афричкиот речник го нема истото значење како во Малезија или Индонезија. Во превод ова јадење всушност е освежувачка салата и е најчесто сервирана ладна.

Durban Chicken Curry

4Самото име на ова јадење кажува дека еден од зачините е кари, а главната состојка е пилешко месо и варен ориз кое не бара долго време за подготовка. Резултатите се фантастични.

Milk Tart

5Десерт кој може да се каже дека потекнува од Јужна Африка и е со холандски ноти, многу е слично на месниот тарт, но сепак за подготовката на млечниот тарт се користи многу повеќе млеко отколку јајца, поради големата количина на млекото кое се користи за приготвување тартот е сочен и многу лесен за јадење.

Слични написи