“Вкуси го медитеранот” – наскоро во Шибеник

by ugostitelstvo.mk

Почнувајќи од 28 до 31-ви Мај во Шибеник ќе се одржи меѓународниот фестивал „Вкуси го медитеранот“, единствената гастрономска-културна манифестација,  која ќе се организира оваа година во склоп на францускиот фестивал Rendez-vous.

За таа пригода, Хрватска прв пат ќе ја посетат три светски познати готвачи закитени со Мишелин ѕвезди, што ќе биде дополнителна поромоција на Хрватска и Шибеник во светската гастро култура и гастрономската сцена.

Целта на фестивалот е промоција на медитеранската храна, култура и традиција, а оваа година посебен акцент ќе биде ставен на француската гастрономија. Големиот дел од фестивалската програма ќе биде одржан во несекојдневен амбиент во реновираната тврдина Св. Миховил, која е прогласена како најголема атракција во Хрватска за 2014 година.

Заедно со Италија, Шпанија, Португалија, Грција, Хрватска е запишана во книгата на UNESCO како земја чија храна е признаена како нематеријално културно наследство. Во тој контекст, долгорочната цел на фестивалот „Taste the Mediterranean” ја вклучува промоцијата на медитеранската кујна и зачување на културното наследство, популаризирање на медитеранската кујна која би донела поголем економски развој.

Слични написи