Видови на алкохолни пијалоци

by ugostitelstvo.mk

Коктелите, мешаните пијачки и чистите пијачки се прават со бренди, виски, водка, џин, рум cordials и други типови на алкохолни пијалоци. Како послужувачи треба да бидете запознаени со одликите на секој од овие типови алкохолни пијалоци.

коњак

 

 

Бренди е алкохолен пијалок произведен со дестилација на вино или ферментирана овошна смеса. Самото име „бренди“ означува дека алкохолот е направен од вино, а постојат и различни типови на брени зависно од овошјето кое е користено. Познато бренди е коњакот, кој се дестилира во областа близу градот Коњак, Франција.

виски

 

 

Виски е алкохолен пијалок дестилиран од ферментирана житна смеса и стареено во дрвени буриња. Квалитетот на водата, житото и квасецот, како и самите техники на производство имаат голема улога во вкусот и полноста на вискито. Повеќето ресторани имаат на располагање разни типови на виски.

 

 

 

 

 

 

водка

Водка се дестилира од житна смеса но не е стареено како вискито. Нема боја, арома и вкус. Бидејќи има неутрални карактеристики често се послужува во мешани пијалоци и коктели.

 

 

 

џин
Џин е редестилиран алкохолен пијалок во кој се додава бобинка од смрека како главен елемент кој го дава специфичниот вкус. Се додаваат и разни корени (како ѓумбирот), тревки, кори и бобинки. Џинот е сув пијалок кој се користи во разни популарни коктели.

 

 

 

 

 

 

 

 

рум

 

 

Рум е дестилиран алкохолен пијалок направен од остатоците на шеќерните производи. Производството на рум е најконцентрирано на Карибите и во Јужна Америка. Румот варира од темен јамајкански до рум од Куба и Порто Рико кои имаат специфичен вкус. Во многу коктели и овошни пијалоци како состојка се користи рум.

 

 

 

Речиси сите коктели, мешани и чисти пијачки се послужуваат ладни. Во некои ресторани, чашите се претходно оладени за да се одржи ниската температура на пијалоците послужени во нив. Чашите варираат во големина и стил зависно од желбите на менаџментот и производите кои се нудат. Некои коктели се послужуваат без мраз, во високи чаши со дршка за да се избегне нивното загревање од топлината на раката. Некои коктели се послужуваат со мраз, иако гостинот има право да избере. За да се послужуваат коктели, мешани и чисти пијалоци, потребно е послужувачот да има големо знаење од состојките, процесот и редоследот на мешање и додатоците кои се користат.

Слични написи