За секој гостин е важно да пие од чиста и здрава чаша во еден ресторан или кафе – бар. За оние поупатени гости најважно е пијалакот да биде наточен во соодветна чаша. За секој пијалак се користи различна чаша и ова златно правило во угостителските објекти мора да биде применувано. Во продолжение ви претставуваме различни видови на чаши како и која за кој пијалак би требало да ја употребите.
Тамблер или стандард чаша (Tumbler glass)
Најчесто ова е чаша за сите намени. Се користи за вода, безалкохолни пијалаци и одредени видови на коктели. Во некои ресторани чашата се користи и за дегустација на одредени видови на трпезно бело вино.
Чаша за вино (Standard Wine Glass)
Кога зборуваме за винска чаша има стотици варијации на чаши, но тука ќе се задржиме на основната. При точење на вино, задолжително е чашата да има тенка дршка така што топлината од рацете на оној што ќе ја консумира нема да влијае на температурата на виното. Винската чаша треба да е широко отворена за да може да ја почувствувате аромата. Обично, чашите кои се пошироки во горниот дел се за црвено вино, додека оние со потесен обем се за бело вино.
Чаша за мартини / коктели (Martini/Cocktail glass)
Повторно чаша со дршка за контролирање на температурата на пијалакот бидејќи пијалаците кои се служат во ваква чаша немаат потреба од коцки мраз во нив. Конусната форма на чашата овозможува оддржлива температура на алкохолот и идеална положба на состојките како на пример маслинки и мартини или одредени состојки во коктел.
Чаша за шампањ (Flute glass)
Ова е чаша која се употребува за шампањ и други пенливи вина. Целта е да се зачува пената на врвот од чашата што е можно подолго. Бидејќи кај пенливте вина аромата за оној што пие не е толку важна како за црвеното вино.
Олд фешн чаша (Rocks Glass, Old Fashioned glass, Casablanca glass)
Или позната како „казабланка чаша“, оваа е ниска, широка чаша и изработена од подебело стакло. Се употребува за виски, коњак или шток или пак пијалаци кои бараат неколку коцки мраз. Оваа чаша е идеална и за коктели кои имаат кафе како основа.
Колинс чаша (Collins glass)
Колинс чашата најчесто се употребува за коктели и е слична на Flute чашата. Има простор и за мраз во пијалакот. Обично се служат слатки коктели, а најчесто употребувана е за мохитото.