велигден

Комбинацијата од доручек и ручек или пак попознато како Brunch можеме да кажеме дека е омилениот оброк на сите кои сакаат за време на викендите да спијат до попладневните часови. Тој е вкусен оброк кој наликува на оние кои најчесто ги конзумираме за појадок, проследени со неколку освежителни пијалоци.  

Опкружени со вашата фамилија и пријатели, вие можете да направите јадења кои ќе бидат вкусни и сочни, а на крајот како награда ќе добиете многу пофални зборови за вложениот труд. Доколку сеуште не сте се одлучиле што ќе го сочинува вашето велигденско мени, ние сме тука да ви дадеме неколку идеи…

brunch 56Предјадење

Доколку сте претерале со велигденските колачиња, обидете се да го започнете утрото со чинија полна сезонско овошје, независно дали тоа ќе биде еден вид или пак освежувачка овошна салата.

Главно јадење

Знаеме дека појадокот е една од најбитните работи за енергичен почеток на денот, токму тука имате голем избор на јадења кои ќе го надополнат овошјето, палачинките или пак француските лепчиња се најдобриот избор, а секако бидејки се работи за Велигденски бранч јајцата се неизбежниот дел од трпезата, без разлика дали станува збор за варени јајца, пржени или пак омлет.

Пијалоци

Каков празник би бил доколку не се надополни со малку алкохол? Најчестиот коктел кој можете да го најдете на Велигденските трпези е токму овој Велигденски Пунч а за негова подготовка потребни ви се:

  • 1 портокал
  • 150-200 g шеќер
  • 200-250 ml лимонов сок
  • 200-250 ml сок од ананас
  • 750 ml виски
  • 200-250 ml пенливо вино
  • По желба и околу 200 g ананас

Излупете тенка кора од портокал и лимон, ставете ги во садот за пунч и додадете го шеќерот. Промешајте и оставете да отстои 1-2 часа. Непосредно пред служење се додаваат коцки мраз (околу 3-4 чаши полни мраз), па се става пенливото вино. По желба додадете парчиња ананас, портокал и лимон.

Слични написи