Уметноста на презентирање храна во угостителството

by ugostitelstvo.mk

Имате листа на јадења на менито во ресторанот, но како да го претставите пред своите гости на најдобар можен начин? Во светот на кулинарството добро познато е дека изгледот на јадењето е еден од најважните фактори кои ќе ги привлечат или одбијат вашите гости да одберат одредени јадења. Начинот на кој јадењето е поставено во чинијата, распоредот на прилогот и главното јадење, фузијата на бои и употребата на различен прибор за јадење, е првиот впечаток кој вашиот гостин го добива и одлучува дали тоа ќе биде љубов на прв поглед или не.

Постојат многу начини на кои може да се презентира една чинија. Накратко запознајте се со основните правила за послужување и презентација на храна, како да употребите необичен прибор на обичен начин, или пак обичен прибор на необичеан начин.

Кој ги презентира јадењата во вашиот ресторан?

Во зависност од видот, големината и капацитетот на рестроанот кој го поседувате, презентацијата на храна е работа која можат да ја прават готвачот, послужувачот, специјално лице одредено за оваа работа или пак самиот гостин во случај на самопослужување.

Но, без разлика кој ќе ја сервира храната во вашиот ресторан, секој од нив мора да биде запознаен со основните правила при презентирање и служење на јадењето.

Основни правила при презентација на храна

Постојат одредени правила до кои треба да се придржувате кога го служите и презентирате јадењето, за да можете да ги совладате и напредните техники:

  • Чинијата никогаш не треба да биде преполна со храна, но не треба ни навидум да изгледа празна
  • Секогаш оставете го празен надворешниот дел на чинијата
  • Обезбедете контрастна боја на чинија
  • Заборавете на симетријата, асиметричните форми се добредојдени
  • Измешајте големо и мало, меко и крцкаво, светло и темно
  • Запазете на стандардноста кога станува збор за големината на чиниите
  • Не претерувајте со сосовите
  • Ако служите пилешки прсти, ќофтиња или ракчиња, во чинијата поставете непарен број од овие состојки, тоа изгледа многу подобро и поинтересно

restaurant-food-presentation-ideas-clock-ruleОвде ќе споменеме едно старо правило, кое сè уште се користи во многу ресторани. Можете, но не морате да се придржувате до него:

Чинијата да ја гледате како часовник, односно, во одреден час, да поставувате одреден вид на состојки. Во 11 часот се поставуваат јаглехидратите (тестенини, ориз, компир), во 14 часот- зеленчук, а доколку се работи за вечера во 18.00 часот се поставуваат протеини (риба, месо, печурки).

 

 

 

Презентација на храна на јапонски начин

Јапонскиот начин на претставување на јадењето има големо влијание врз дизајнот на храната. Минимализамот во Јапонија е присутен насекаде, вклучително и во кулинарството. Овој начин на служење можеме да го опишеме како убавина од едноставност и уникатност.

prezentiranje-hrane-u-ugostiteljstvu-ponfritЈапонците никогаш не ставаат многу храна во една чинија, претпочитаат таа да биде поделена во неколку одделни садови. Овој стил на презентирање ги отстранува сите сомнежи околу совпаѓањето на бојата и формата, па ако немате талент за создавање на хармонична чинија, ова е одлична опција за вас. Садовите во кои се служи храната имаат водечка улога во изгледот на јадењето. Тие можат да бидат многу едноставни или пак декорирани со различни мотиви. Храната исечете ја на мали парчиња кои се погодни за јадење со традиционалните јапонски стапчиња.

Ако мислите дека вашиот ресторан не нуди храна која можете да ја послужите на овој начин, погледнете како изгледа помфрит послужен на јапонски начин!

Вертикални форми

Вертикалниот начин на претставување на храна во чинијата, отвори еден сосема нов начин во дизајнирање на јадењето. Направете вистински мали ремек дела, скулптури од храна. Храната се комбинира на средина од чинијата, додека остатокот останува празен или дискретно украсен со сос или зачини, како потпис на оваа уметност. За овој начин на служење, потребно е многу фантазија, пракса и вештини, но резултатот кој ќе го добиете во вашата чинија, ќе ги оправда сите напори.

Вертикалните форми најчесто се користат за претставување на храна во префинети ресторани, со целосна услуга, а не се идеални во ресторани за брза храна, пред сè заради времето кое е потребно за сервирање на јадењето.

Апстрактни форми

Овој начин на претставување на храната е омилен кај најхрабрите и најкреативните готвачи! Заборавете на формата, структурата, висината и ширината на јадењето. Навидум, делува како случјно , без ред и правила да е расфрлана храната по чинијата, но на интересен начин.

restaurant-food-presentation-ideas-vertical

Користете големи бели чинии или пак многу чинии во различна боја, за најдобри резултати во презентацијата.

Украсете го јадењето со соодветен прилог

Украсувањето на јадењето е оној момент во презентацијата што остава личен печат на крајот од приказната. Во секој случај, прилогот и зачините се користат за украсување, треба да го дополнат вкусот и да се јадат заедно со главното јадење. Така на пример, со риба се служи и лимон, со рижото се служи портокал, десерт со разни сирупи итн.

Меѓутоа, денес јадењата се служат послободно и за украсување се користат и растенија кои не се за јадење, но многу често може да се сретнат и храна и пијалоци, украсени со цвеќиња кои се за јадење.

Презентација на храната за најмладите гости

Визуелниот ефект има најголемо влијание врз дечињата, па ако им послужите убаво сервиран зеленчук во вашиот ресторан и возрасните ќе бидат среќни да ве посетат повтроно! Обезбедете им мени кое изгледа како плод на нивната имагинација. Јадењата нека бидат со хероите од цртаните филмови, омилената играчка или некое животно.

restaurant-food-presentation-ideas-kids-food-presentations

Алтернативни јадења

Како би реагирале на сос послужен во епрувета, наместо во вообичаениот сад? Сигурно позитивно! Послужете алтернативни садови и прибор за јадење. Сервирајте ја супата во необични чаши или лончиња, наместо вообичаените чинии. Обичниот сок, ќе изгледа интересно ако го послужите во необична вазна. Отидете еден чекор понатаму и послужете го главното јадење во капак од тава или пак во широка стаклена тегла. Капакот од теглата може да го искористите како чинија за салата!

Користете чинии и прибор од природни материјали restaurant-food-presentation-ideas-organic-materials

Органската храна се повеќе е популарна, па за да го задржите трендот можете да употребувате чинии, лажици и вилушки од дрво или камен. Се употребуваат дури и необликувани, сурови форми од дрво, како што се прикажани подолу на сликата.

Земјените садови се одлични за употреба, бидејќи подолго време можат да ја задржат посакуваната топлина на јадењето.

Припремајте и презентирајте ја хранта пред гостинот

Припремањето и презентацијата на јадењето пред масата на гостинот е еден од најпопуларните начини на сервирање во многу ресторани ширум светот. Гостинот има можност да гледа како избраната храна се подготвува и се служи пред неговите очи.

Љубопитноста на гостите и вештините на готвачот ќе придонесат за еден вид на шоу, кое секако е добредојдено за промоција на ресторанот. Зошто не би подготвиле вакво шоу и за вашите гости?

forsale

Еве неколку јадења кои можете да ги припремите пред вашите гости:

  • ладни предјадења (сечење сирења, мешање салата…)
  • супи
  • јадења од месо или риба
  • десерти

Соодветн прибор во презентирање на храната

Овозможете соодветен прибор за служење на храната. Секако најважната алатка се рацете на послужувачот или готвачот, но успешноста и брзината на послужување на храната во вашиот ресторан значително зависи и од достапноста на соодветни алатки. Приборот е сличен на оној во хируршката процедура, а во него спаѓаат:

  • кујнски ножици
  • кулинарски пинцети во различни големини
  • различни ножеви и скалпели за сечење и резбање на овошје и зеленчук
  • калапи и прстени во различен облик
  • силиконски подлоги за карамелизација
  • лажици, штипалки, игли
  • шприцеви
  • шпатули и четки за декорација

restaurant-food-presentation-ideas-garnishing-tools

Алатките за декорација на храна најчесто се продаваат во сетови. Од вашиот дистрибутер во ресторанот побарајте алатки кои одговараат на вашите потреби. Најдобро би било приборот да е изработен од  нерѓосувачки челик, кој гарантира квалитет и трајност.

Изборот на начинот за презентација на храната зависи од типот на самиот ресторан како и од понудените јадења. Во секој случај, презентацијата на храната ја отсликува креативноста на ресторанот и грижата за гостите кои тоа секако го препознаат.

.


За повеќе информации и консултации:

Regent Club – Training Center

тел. 02 / 3119-615
[email protected]

Слични написи