Уапсени голи туристи

by ugostitelstvo.mk
слика

Во изминатата 2014 година најмалку пет странски туристи се уапсени и депортирани од Камбоџа. Тие биле фатени додека се сликале голи пред еден од светите храмови во комплексот Angkor Wat, најпопуларната дестинација оваа земја. 

монасиАрхелошкиот парк Angkor е од 12. век, тој се наоѓа на листата на УНЕСКО за светски културни знаменитости, изминатата година овој локалитет бил посетен од повеќе од 2 милиони посетители. Властите на Камбоџа немаат никаква толеранција према туристи кои се сликаат голи пред ова светилиште, а ваквите или слични инциденти ги вознемирува останатите граѓани бидејки овој објект за нив има големо духовно и историско значење.

Токму за ваквиот тип на инциденти еден жител на Pnom Pena рекол “Angkor Wat е едно од најпознатите светилишта во Камбоџа, не само туристите туки и самите жители треба да покажат почит кон овој религиозен објект.

Слични написи