Состојки:
За тесто
- 200 г. бисквити
- 76 г. путер
За подготовка на филот:
- 9 листови желатин
- 4 киви
- 3 лажици сок од лимон
- 140 г. шеќер
- 700 г. полномасен јогурт
За украсување:
- 3 лажици бадеми исецкани на листови
- 2 лажици мед
- 2 киви
Подготовка:
- Ставете ги бисквитите во пластична кеса и здробете ги со сукало, па ставете ги во чинија и помешајте ги со путер. Смесата истапкајте ја на дното од округлест калап, па оставете ја половина час да се олади во ладилник.
- За фил измешајте желатин во студена вода и оставете го да отстои.
- Излупете едно киви, исецкајте го на коцки, помешајте со 40 г. шеќер и сок од лимон, па на тивок оган гответе околу четири минути. Компотот од киви оставете го да се олади и во него растворете го исцедениот желатин.
- Штом смесата ќе почне да се стега, измешајте го јогуртот изматен со преостанатиот шеќер.
- Филот префрлете го во калап, покријте го со фолија и оставете го три часа во ладилник.
- Останува уште украсувањето. Бадемот на суво пропржете го во тавче за да добиете златножолта боја. Излупете ги другите киви, исецкајте ги на кругчиња и попрскајте ги со мед. Тортата внимателно извадете ја од калапот, па работ наоколу украсете го со бадем, а одозгора распоредете ги кивите.