Состојки:
- 2 лажици путер
- 2 лажици брашно
- шолја млеко
- 200 г. пилешко бело месо, варено и исецкано
- 200 г. шунка исецкана на коцки
- 300 г. тестенини ( по желба)
- целер, исецкан
- сол, бибер
- лажица мелена пиперка
- 100 г. кашкавал
Подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 степени
- Во длабока тава, стопете го путерот, па додадете брашно и топлете додека не се појават меурчиња. Постепено додадете од млекото, постојано мешајќи додека смесата не се згрутчи.
- Тргнете го од оган и додадете пилешко, шунка, сварени тестенини, целер, а потоа посолете и побиберете по желба.
- Сето тоа сипете го во плех за печење и печете на загреана рерна околу 15 минути. Извадете од рерната, посипете рендан кашкавал и пипер, а потоа вратете во рерна да се пече уште 5 до 10 минути.