Состијки:
- 300 гр. остро брашно
- 150 гр. путер
- 2 жолчки
- 2 лажици кисела павлака
- 1/2 кесичка пециво
- 4 лажици шеќер
- 1 ванила
- прстовет сол
- 1/2 рендана кора од лимон
Тесто:
– Во сад измешајте ги сите состојки за тестото и со рацете измесете една хомогена смеса сите состојки да се добро спојат. Ставете на кратко во фрижидерот за да ви се полесно сука.
– Извадете од фрижидерот и на работната подлога расукајте кора која ќе е поголема од Делимано модлата за тартови и кростати, па со помош на сукалото ќе ја пренесете и со рацете оформете ја околу зидот на модлата.
Фил:
- 200 гр. мелени бадеми
- 100 гр. шеќер
- 2 белки
- 2 лажици рум
- 2 лажици мед
- 1/2 рендана кора од лимон
- 5-6 свежи смокви
– Со миксер изработете ги белките со шеќерот во цврст снег, додајте го медот, бадемите, кората од лимон и румот. Измешајте со шпатулата и нанесете го филот врз кората. Исечете ги смоквите на кругови, распоредете над филот, ставете да се пече во предходно загреана рерна на 180 степени околу 30 мин. односно готова е кога ќе видите дека е заруменета.
И тоа е тоа – многу напишано – а малку за работа.
Напомена
– Бидејки ја растегнувам кората со сукало на фолија тестото не се лепи и многу лесно се пренесува во модлата. Доколку некој нема таква фолија, тогаш нека го стави тестото помегу две прозирни фолии – со сукало се поминува врз фолијата, се оформува кората, се одлепува горниот дел на прозирната фолија, се поставува модлата врз кората, се подига долната фолија и се превртува, се одлепува фолијата и готово е – кората е сместена во модлата.