Светски алкохолни пијалоци

by ugostitelstvo.mk

Како и многу други, веројатно сте љубител на алкохолен пијалок независно каков. Доколку сте светски патник потребно е да знаете дека постојат неколку алкохолни пијалоци би требало да ги пробате во својот живот. 

При посета на некое туристичко место секогаш сакаме да ги пробаме традиционалните јадења и пијалоци, само така може да се почуствува местото со сите сетила. Следува кратка листа на некои од најпознатите алкохолни пијалоци кои ви ги препорачуваме да ги пробате, доколку сте во можност.

саке Саке, Јапонија 

Првично, овој јапонски традиционален пијалок бил во форма на каша со зрна од ориз, за денеска да биде вино направено од ориз кој во семе има 15 до 17 проценти на алкохол. Денеска овој пијалок има повеќе од 1600 производители на повеќе видови од овој алкохолен пијалок. Запаметете дека сакето се служи малку оладено.

 

 

гинис пиво Гинис, Ирска 

Многу ретко кој не е запознаен со овој светски лидер во пивската индустрија. Гинис потекнува од земја во која имаат национален празник за пиење на пиво, сепак Гинис не е единствено пиво кое потекнува од оваа земја. За да го уживате пивото со сите негови вкусови потребнa ви се само една ипол минута за да наточите совршената чаша темно пиво кое има кремаста пена и нота на карамела.

 

абсинт

Апсинт, Чешка 

Сите сме слушнале дека апсинтот е пијалок кој ветува одлична забава, но дали сте знаеле токму овој пијалок бил инспирација за многу светки познати ументици, а има ефект многу сличен на опиумот. Токму поради степенот на опиум, тој бил забранет во 19 тиот век во европските земји, но сега повторно може да се најде со малку поразлична содржина. Дали за момент си помисливте дека е толку едноставно да си ставите чаша апсинт и да уживате во забавата, за момент ќе треба да ве разочарам. За да го вкусите апсинтот на правилен начин, треба да додадете вода и коцка шеќер доколку сакате да го ублажите горчливиот вкус.

 

 

текила Текила, Мексико 

Дали поради овој пијалок многу незаборавни ноќи поминати со вашите пријатели станале заборавени ?! Чиста и транспарентна и “безопасна” најдобра е кога се служи на собна температура, и настрана од сите верувања текилата се пие како и сите останати алкохолни пијалоци бавно и со уживање, а доколку се чуствувате како “гринго” тогаш земете сол, лимон и “мавнете” ја на екс.

 

 

каипирошкаКаипироска, Бразил

Ова е едноставен коктел кој содржи вотка, зелен лимон и шеќер. Во ниска чаша, ставете го исечениот зелен лимон со две лажички шеќер, додадете многу дробен мраз и потоа сипете внатре вотка со добар квалитет. Ова е вотка-верзијата на популарниот пијалок наречен каипириња, којшто се прави со рум, познат како cachaça.

 

 

 

Слични написи