Светот преку 8 кафиња

by ugostitelstvo.mk

Ако сте познавач, или можеби малку зависен од кафе, тогаш сигурно ги препознавате тие мали црни гравчиња. Без разлика дали Вие го знаете како ‘авионско гориво’, ’сок од мозокот’ или ’нешто што ќе те оттргне од креветот наутро’, еве како низ светот го знаат и конзумираат  ова црно злато.

еспресо

Италија: Espresso. Родното место на еспресото. Штата би било да ја посетите Италија, без дегустација на едно. Ете, совршеното Италијанско кафе треба да има тенок слој на карамела боја, доволно тенок за сепак да издржи една лажичка шеќер за неколку секунди, пред да потоне. Совет плус: Не заборавајте дека се изговара ‘espresso’ а не ‘expresso’.

турско кафе

Турција: Typk Kahvesi. Позната турска поговорка вели дека кафето треба да биде ‘црно како пеколот, силно како смртта и слатко како љубовта’. Турското кафе обично се служи по десерт, од ѓезве, односно мало бакарно тенџере.  Најчесто оди со одличен турски локум. Совет: Постојат четири начини на порачување на турско кафе: без шеќер (sade), со малку шеќер (az şekerli), полу слатко (orta şekerli), или многу слатко (şekerli).  

кубанско кафе

Куба: Café Cubano. Кубанците го обожаваат нивното кубанско кафе, наутро, по својот појадок, а и во секоја шанса преку денот. Тоа е силно еспресо приготвувано на висока температура, со шеќер. Совет: Кубанското кафе е исто така популарно и во областите околу Куба, како Мајами и Тампа во Флорида. Го има речиси во секој кафе-бар.

Melange

Австрија: Melange. Иако е многу слично на италијанското капучино, Melange е несомнено традиционалниот пијалок на Австрија- особено Виена. Составен од еспресо и пена од млеко, прекрасен спој, кој некогаш се надополнува со шлаг по желба. Се служи во елегантните и ненадминливи Виенски кафе-барови, при што се докажува улогата на Melagne во културното наследство на земјата. Совет : добра кафетерија во Виена е Café Central, отворена од 1876 год.

Ca Phe Sua Da

Виетнам: Ca Phe Sua Da. Виетнамиците ја научиле културата за кафе како колонија на Франција во 19-от век, и ја продолжуваат традицијата сеуште. Кафето во Виетнам се прави со истурање топла вода преку филтерот, и од врвот на Вашата чаша нежно се дотура засладено кондензирано млеко. Совет: Ако сте заинтригиран од спојот на Виетнамската и Француската кафе- култура, слободно посетете ги баровите за еден кафе-микс.

Café au lait

Франција: Café au lait. Силно еспресо со додаток од млеко, ќе најдете практично на секој агол од франција. Верувале или не, Француското кафе се служи во чаша доволно широка во горниот дел за да можете да потопите еден кроасан, или бисквита. Совет: Париз е срцето на Франција, уживајте во перфекцијата што Ви ја нудат.

SBX-11495-Summer_Frappuccino_Program_POS

САД: Frappuccino. Домот на светски познатиот синџир Старбакс. Не постои негирање дека Амеркикаците не го сакаат кафето на прилично креативен начин, па така ќе ги откриете ароматизираните сирупи во секојдневните кафиња. Frappuccino е најверојатно најголем хит во САД, кое е ‘само’ кафе со вкус на млеко. Совет : За оние кои претпочитаат кафе без шеќер, без грижи, на Американците резервна опција им е мешавината со топла вода.

buna-arabica

Етиопија: Buna. Етиопија е местото каде што Се започна. Раѓањето на кафето арабика. Таму, процесот на подготовка на кафето е исполнето со љубов, ритуал кој што го претвора пиењето кафе во форма на уметност. Совет : Етиопското кафе се служи со путер или сок, наместо млеко и шеќер.

Слични написи