Состојки за 8 лица
- 600гр. брашно
- 250 г. маргарин
- една кесичка прашок за пециво
- 2 јајца
- 150 г. сирење
- 100 г. шунка
- 1 црвена пиперка
- 100 г. сусам
- 1 шолја млеко
- 1 лажичка сол
- ѓумбир во прав
Подготовка
Во брашно ставете ги сол,от прашокот за пециво, сусамот, ѓумбирот и маргаринот. Измешајте, па додадете ги јајцата, сирењето, ситно исечканата пиперка, шунката и млекото. Замесете тесто и оставете го да стои 15 минути во фрижидер. Тестото поделете го на два дела, развлечете го секој и исечете тенки линии и свиткајте ги во форма на соленки. Печете додека не станат крцкави.