sublimotion ibiza

Во Hard Rock хотелот на Ибица ќе се отвори најскапиот ресторан на светот наречен SubliMotion.

На специјалната вечера на отварањето на ресторанот ќе се послужат 12 гости со 20 јадења, а цената е навистина „ситница“ дури 1500 евра. Освен што ќе уживаат во врвна храна, гостите ќе уживаат во прекрасна атмосфер,а земјаќи го предвид тоа што на ѕидовите од ресторанот ќе се прикажува виртуелен light show. Taка на површината на масите ќе се појавуваат подвжини слики, а осветлувањето и сцената ќе се менуваат во согласност со претставувањето на секое ново јадење.

[vsw id=”7sC8b3dM-hM” source=”youtube” width=”425″ height=”344″ autoplay=”no”]

 

„Што е SubliMotion? Тешко е да се објасни. Тоа е Ибица, страст, гастрономија…. Радикално поинаку од сè до сега, со зборови необјасниво, едноставно морате сами да го доживеете“ – низ возбуда одговори готвачот на ресторанот Paco Roncero во промотивниот видео спот.

Roncero е еден од најпознатите готвачи во Шпанија, а сопственик е дури на две Мишелин ѕвездички кои ги има добиено за неговиот ресторан La Terraza del Casino во Мадрив. Овој познат угостител има 5 ресторани ширум светот, не вклучувајќи го SubliMotion.

Слични написи