Што е стаут ?

by ugostitelstvo.mk

Стаут е темно пиво, направено со користење на сладок печен, или пржен јачмен, хмељ, вода и квасец. Стаут е традиционален термин за најсилното пиво, произведено од страна на пивницата. Постојат повеќе варијанти вклучувајќи го сувото и царското пиво. Првата позната употреба на стаут-бил во документ кој датира од 1677 година, што означувало силно, а не темно пиво.

Името Портер за прв пат било употребувано во 1721 година, за да опише темно-кафеаво пиво, кое било направено од печени житарици. Набрзо станало многу попоулрно. Ирскиот стаут има многу темна или богата боја и тоа често има ‘печен’ вкус, сличен на кафе. Најпознат пример е Guinness, Murphy и Beamish. Постојат и помали пиварници кои го произведуваат. Алкохолната содржина се карактеризира како не многу силно пиво, иако се разликува од земја до земја. Додека пак кралски стаут познато како Руски кралски стаут, е силно темно пиво, чиј стил го започнала пивницата Thrale во Лондон. Содржината на алкохол на ова пиво е 9%.

6826188885_1ff98f9a7a_b

Млечниот стаут (исто така наречено и сладок или крем стаут) содржи лактоза, шеќер добиен од млекото. Бидејќи лактозата не ферментира, додава сладост на готовото пиво. Млечниот статут е многу хранлив и често им се давал на доилките. Пример за млечен стаут е Mackeson, за кој се тврди дека секое пиво содржи состојки на чисто млеко до 10мл. По Втората Светска војна, од Британската Влада било побарано да се отстрани зборот ‘млеко’ од етикетите, како и сите слики поврзани со млеко. Иако пченицата во пивото може да доведе до горчлив вкус, овес бил честа состојка за пиво, дури до 35%: На почетокот на правењето на овај стаут (16век), се употребувало минимален дел на овес, 0,5%. Леснотијата на стаутот доаѓа од високата содржина на протеини, липиди. Поради тоа, по пиењето на овај стаут, телото многу брзо добива чувство на леснотија.

Кога стаутот се појавил во 18-от век, остригите биле вообичаена храна која често се служела низ јавните куќи и кафани. Со почетокот на 20-от век, се случил пресврт и во 1938год во пиварата Hammerton, во Лондон за прв пат се користеле остригите за правење на стаут. Модерното пиво од остири, се прави со неколку остриги, кои се ставаат во цевка. Често, ова пиво се пие во комбинација со остриги-како храна.

Smog-City-Brewing
Кафе стаут
– Темно печените житарици, може да добијат горчлив вкус блиску до кафе. Некои пивари толку сакале да се приближат со вкусот на кафето, при што додавале мелено кафе при подготовките. Содржината на алкохол на овај стаут е од 4% до 8%. Доколку вкусот Ви е многу горчлив, може да додадете малку млеко или шеќер. Често се додавало и нане се со цел поуникатни комбинации.

Портер стаут – Постојат повеќе несогласувања за подготовката на оваа тема, при што основните разлики се минатиот и сегашниот начин на правење. Терминот Портер првично се користел за да се покаже стаутот, како посилен на вкус. Во минатото, често овај стаут го пиеле вработените во пиварниците.

Балтички Портер. Ова е верзија која потекнува од Балтичкиот регион, обично добро ферментирано, што го прави стаутот речиси бел. Начинот на создавање често бил составен од локални состојки со традиционални подготовки. Балтичкиот Портер е специјалитет на многу Полски пивари.

Слични написи