Шест совети за посочни и повкусни пилешки гради

by ugostitelstvo.mk
пилешки гради

Пилешките гради се одличен извор на немасни протеини, но никој не сака да ги конзумира кога изгледаат суво и тврдо или пак кога се без вкус. Ние ви подготвивме 6 совети за како да ги зготвите на начин кој што ќе ги задоволи сите ваши сетила.

Маринирајте го пилешкото

 маринирање

Маринирањето  на пилешките гради секако  вреди  за додатното време и напор. Оставете ги пилешките гради да отстојат во солена маринада една вечер, или неколку часа, зависно од тоа колку време имате на располагање. Тоа помага да се оддели протеинската структура од месото, да стане помеко и овозможува повеќе влажност да биде апсорбирана во месото, што помага да остане сочно. Ако додадете зачини или шеќер на вашата маринада ќе добиете додатен вкус.

Искористете презла

поховање
Слично како кожата на парче пилешко месо, јајце и презла создаваат кожичка која ја собира влажноста на пилешките гради додека се готви. За полесно да се направи тоа, едноставно премачкајте го месото во смеса од брашно, сол и бибер, потоа во изматено јајце и на крај во презла.

Истолчете го пилешкото

толчење
Еден неразделив проблем со пилешките гради е тоа што едниот крај е повеќе дебел од другиот. Потребното време за целосно да се зготви подебелиот дел од месото е подолго од времето потребно за потенкиот крај, така што потенкиот би бил подзагорен и исушен. Затоа, за да го избегнете ова искористете потежок објект, како сукало или чекан,  и израмнете ги парчињата месо, така што ќе добијат еднаква ширина.

Оставете го пилешкото да отстои

отстои
Иако често се сеќаваме да го оставиме целото пиле да отстои пред да почнеме да го сечеме, повеќето од нас не дозволуваме помали парчиња месо да отстојуваат. Многу е важно да ги оставиме зготвените пилешки гради да остојат 5 до 10 минути пред да ги сервираме; ова овожможува соковите да се разлеат рамномерно по парчето месо, правејќи го посочно.

Внимавајте да го исечете месото правилно

сечење
Ако планирате да го сечете вашето пилешко пред да го зготвите, потрудете се да го исечете по должина на половина, или во насока која што ќе произведе пократки ленти. Целото месо се состои од сноп јаки мускулни влакна и сечејќи ги тие влакна правилно ќе го омекнете месото.

Користете термометар

мерење температура
Превентивно, за да не го прегорите месото, преземете ја внатрешната температура од пилешките гради и извадете го од оган кога ќе постигне температура од 160 степени. Температурата на пилешкото ќе продожи да расте неколку минути откако ќе биде извадено од оган, достигнувајќи ги препорачаните 165 степени.

Слични написи