Состојки:
- 1 кг. компири
- 3 лажици маслиново масло
- сол
- бибер
- 1/2 лимон
- 200 г. кисела павлака
- 1 лажичка мед
Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете ја тепсијата со хартија. Компирот измијте го и исушете. Ставете го во рерна и печете го околу 50 минути.
2. За шмек исцедете го прво лимонот и измешајте го со кисела павлака, мед, сол и бибер по вкус.
3. Кога ќе се олади, излупете ја кората само на врвот и внимателно со лажица направете дупка. Сипете сос во дупката и украсете со свеж магоднос. Сервирајте го топол.