Се отвора хотел со 5 ѕвездички во Виница

by ugostitelstvo.mk
отварање на хотел

Кондиторската компанија “Макпрогрес“ од Виница следниот месец ќе го отвори својот хотел-ресторанот Александар Парк во Виница кој ќе носи пет ѕвездички. Cvetanov G

Последната инвестиција во угостителство опфаќа инвестиција во хотел-ресторан со капацитет од 450 гости, кафетерија и ноќен бар. Станува збор за преземање и реновирање на веќе постоечки објект во центарот на градот. Подготовките се при крај и во март месец новите објекти ги отвораат своите врати за гости. Една од причините за новата инвестиција во нов пазарен сегмент е емотивнаат врзаност со овој објект, но и желбата да се зголеми угостителската и туристичка понуда во Виница.

Слични написи