Само за авантуристи со желба да вечераат во воздух!

by ugostitelstvo.mk
вечера на небото

Ако некогаш сте имале желба да ручате или вечерате во воздух, на отприлика 50 метри висина, благодарение на иновативноста на групацијата The Fungroup таа желба може да ви се оствари.

Имено архитектите од The Fungroup дошле до идеја да изградат ресторан во воздух, истата идеја ја реализирал градејќи го првиот ресторан од таков вид во Брисел, а до денес оваа „прослава на небо“ се нуди дури и во 44 земји во светот.

Ресторанот во воздух инаку е маса на која се прицврстени столчиња, а дигалка ја држи целата конструкција. Ресторанот е целосно прилагодлив за гостите, така што тие имаат можност да одберат локација на која ресторанот ќе се постави, за тие да можат да јадат и притоа да уживаат во својата омилена панорама.

ручек во облаци

Сите оние кои не се плашат од висина и се љубители на авантури, повикани се да уживаат во овој сосема необичен ресторан, кој во својата понуда има појадок, ручек и вечера. Единствено нешто на кое гостите треба да внимаваат е тоа да бидат врзани т.е за случајно нешто од приборот за јадење да не им падне од масата. Тоа дури би можело да биде кобно за оние кои ја поминуваат улицата.

Секако цената на уживање во храната на овој необичен начин е ситница, само 8000 евра. Па, кој сака нека повели!

Слични написи