Дали сте спремни за коктел мајстор?!

by ugostitelstvo.mk

Значи сакате да бидете мајстор за коктели ? ОК! Направете ми три нечисти мартини, четири маргарити ( еден замрзнат и два без сол), две Пинаколади, еден Менхетен и седум природни сокови од портокал…. За помалку од 5мин. Сеуште звучи како работа што сакате да ја работите ? Често професијата како мајстор знае да биде прифатена како лесна за работа, и исклучително забавна.

Генерално, треба да бидете експерти за коктелите и нивното миксирање. Постојано се среќаваат студенти кои што работат во барови за да заштедат, но често тие ја продолжуваат оваа професија до усовршување поради избор, а не потреба. Тие често се утеха на гостите, и со нивното расположение придонесуваат кон атмосферата околу шанкот. Мора да знаат да го продадат пијалок, а воедно да не се наметливи. Пријателски насторени и секогаш насмеани – одлична комбинација. Сепак во оваа професија постојат повеќе видови на коктел мајстори и бармени.

коктели

Коктел мајсторот попознат како flair bartender има многу кршење на шишиња, изгореници и правење штети додека да станете професионален коктел-мајстор, кој ќе приреди шоу со своите способности. Но дотогаш, учењето нека биде на некое не толку јавно место .Сепак во светот постојат многу школи кои обучуваат професионални коктел мајстори, тие по завршување на обуката имаат широки познавања за вината, вискито, бурбоните, и често работат во специјалнизирани продавници, или ресторани со огромно реноме. Додека пак во угостителската индустрија има просечни ‘мајстори’, кои се научиле самите себеси, работат во бар или ресторан, и често може да се најдат и во кујната, како помагаат, или служат храна при гужва.

Резиме : Професионалните коктел-мајстори прават мешани пијалоци, специфични порачки и коктели. Тие мора да бидат способни да го измешаат коктелот на правилниот начин- во некои коктели потребни се десет различни пијалоци. Често нивна е заслугата за големината на бакшиш кој ќе го добијат, заедно со келнерот. Други задолженија кои што ги прави тој: ги мие чашите, им сипаат пиво, вино, други пијалоци или храна на гостите кои седат на шанкот, наплатуваат по потреба, ја проверуваат возраста на годините кои се во близина, за да бидат сигурни дека тие се полнолетни, оценуваат на кој гостин му е доста со коктели, прават список со потребните пијалоци за во шанкот, ги редат и декорираат шишињата за да изгледаат атрактивно.

bartending-generic

За добро да се свати специфичноста на оваа професија, ќе ви приложиме рецепт за правење на коктелот Пинаколада- на три начини ! 1. ‘Обична’ Пинаколада : 60мл рум, 30 мл крем од кокос, 90 мл сок од ананас, 1 чаша искршен мраз, едно парче ананас. 2. ‘Замрзната’ Кремаста Пинаколада. Состојки : 90мл крем од кокос, 180 мл сок од ананас, 45 мл сладок крем, 60 мл рум, 2 чаши искршен мраз, 1 цреша. 3. ‘Пинколада од Јагода’. Состојки : 4-5 свежи цреши, 2 лажички шеќер, 120 мл сок од ананас, 180 мл сок од манго, 90 мл рум, малку мента, и 2 чаши искршен мраз. Начин на правење на коктелот. Сите три коктели започнуваат со кршење на мразот, додека не стане ситен како сол. Се додаваат останатите состојки, и повторно се миксаат во блендер. Чашата за коктел убаво ја декорирате и украсувате со свежо овошје за да изгледа атрактивна. Ова се три начини за еден коктел. Барменот мора да ги знае сите начини, сите состојки за сите коктели. Збунувачко, зар не ?

Слични написи