Состојки:
- 3 јајца
- 250 г. брашно
- 350 мл. млеко
- 1 дцл минерална вода
- малку сол
- 2 лажици масло
- половина лажичка рум
Подготовка:
1. Пенесто заматете ги јајцата, се додека не добиете густа хомогена смеса. Додадете масло, па млеко, и измешајте.
2. Со континуирано мешање додавајте го постепено и брашното, а потоа додадете и прстофат сол. На крајот ставете и малку рум, колку смесата да добие арома, но и за да го спречите впивањето на маслото.
3. Доколку смесата ви изгледа густа, разредете ја со минерална вода.